Романските власти започнаа операција за пребарување и спасување во близина на брегот на Џрното море, откако дрон удри во брод, по што тој се запали.
Ова е најновиот инцидент во низата напади што предизвика стравувања дека војната на Русија во Украина се шири.
Според романската поморска управа, пет лица се спасени откако бродот „вајн трејдер“, танкер за хемикалии што пловел под знамето на сан марино од тунис кон романија, се запалил при нападот.
Седум други лица сè уште се водат како исчезнати. Tоварниот брод бил погоден од дрон, исто како и еден друг брод во посебен инцидент претходната вечер. Се уште е непознато чии се дроновите.












