Ковид19 Свет Топ тема

Европските земји со нови рестриктивни мерки

Франција од полноќ ги засилува ограничувања за влез за невакцинирани државјани на шест европски држави. Граѓаните на Велика Британија, Шпанија, Португалија, Кипар, Грција и Холандија кои не се вакцинирани, а сакаат да влезат во Франција ќе мора да направат негативен тест за Ковид-19 не постар од 24 часа, соопшти француската влада.

Тунис, Мозамбик, Куба и Индонезија се исто така на „црвената листа“. Досега, Британците мораа да имаат тест не постар од 48 часа, додека за Шпанците, Португалците, Кипарците, Грците и Холанѓаните, тој период беше 72 часа.

Кипар се приклучи на списокот земји членки на ЕУ кои го воведуваат т.н. „сејф пас“ или потврда за вакцинација или прежан Ковид, како услов за пристап во јавни објекти. За угостителските објекти, за супермаркетите, продавници кои имаат капацитет да примат над 20 лица, без разлика дали се на отворено или затворено, но и за јавниот превоз, на Кипар, задолжителен е „Safe Pass“, односно потврда за вакцинација, негативен резултат од тест или прележан Ковид-19.  Исклучок, исто така се и плажите и парковите, но, задолжителен е за јавниот превоз (автобуси, такси возила и сл), како и за посета на јавните служби… Во Кипар за една недела се регистрирани 6.853 нови случаи со Ковид 19, а анализите покажале дека девет од десет лица кои имаат сериозни симптоми и се хоспитализираат не се вакцинирани, а мнозинството се под 40 години.

Претходно и Грција од денеска воведе задолжителен сертификат и за затворени и за отворени делови од кафе баровите и рестораните.

А грчките власти посегнаа и по најнепопуларната мерка: се воведува полициски час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден на грчкиот остров Миконос.Мерките што ќе важат до следниот понеделник, 26 јули во 6 часот наутро, поради, „загрижувачкиот локален пораст на пандемијата со многу кластери“.

Во Грција расте бројот на регионите со новозаразени кои преминаа во портокалова фаза, а бројот на заразени за една седмица е зголемен за четири и пол пати.  Во цела Грција, забрането е одржување на било какви настани во приватни простори со присуство на над 20 лица, а во спротивно предвидени се казни од 50.000 до 200.000 евра. Мерките кои стапуваат денеска се и првите рестрикции што одново се воведуваат во Грција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гласање за обемниот буџет на Трамп – демократите во обид да го сменат или блокираат законот за даноци со амандмани

Дејан Дејан

Венс: Ерата на американска доминација во светот е завршена

Дејан Дејан

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе