Рафинеријата ОКТА, која не преработува сурова нафта веќе 14 години, е можно повторно да почне со производство. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, кој откри дека веќе се разговара со раководството на компанијата.
Во моментов се врши процена на техничката состојба на рафинеријата, по што се очекува раководството да достави информации дали е возможно рестартирање и колку време би било потребно за тоа.
Најавата доаѓа во период на неизвесност на меѓународните пазари на нафта и предупредувања за можни нарушувања во снабдувањето со дизел-гориво. Премиерот не очекува недостиг на горива во Македонија ниту во следната година.












