Две лица загинаа во најголемите поплави во Истанбул во последните 80 години. Службите за итни случаи се борат со последиците од водената катастрофа, која предизвика хаос во сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија.
Количината на врнежи од дожд во најголемиот град во Турција е највисока откако се водат метеоролошки статистики.
Училиштата во Истанбул ќе останат затворени до понеделник. Властите ги повикаа жителите да не излегуваат освен ако не е апсолутно неопходно.












