Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото) Словенија го губи и последниот глечер Скута на планината Триглав

/

Свет

Сподели преку :

Словенија е на прагот да го изгуби и последниот преостанат глечер, Скута, откако глечерот на планината Триглав речиси целосно исчезна.

Научниците предупредуваат дека комбинацијата од недостиг на снежни врнежи и екстремно топлите лета го забрзува топењето на мразот во Словенечките Алпи.

Според податоците на Институтот за географија „Антон Мелик“, површината на глечерот Скута се намалила од околу 2,5 до 3 хектари во 1946 година на само 1,5 хектари денес, а дебелината на мразот од неколку десетици метри е сведена на само неколку метри.

Географот Миха Павшек предупредува дека топењето се забрзало особено во последната деценија.

Иако камењата и чакалот покриваат 80 до 90 проценти од површината на преостанатиот мраз и делумно го штитат од сонцето, глечерот продолжува да се топи.

Според експертите, губењето на глечерите не е само еколошки проблем, туку и закана за водните ресурси, бидејќи тие придонесуваат за снабдувањето на реките и подземните води, кои се важни извори на вода за пиење.