Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото) Насилни протести во Албанија – Студентите бараат подобри услови на универзитетите

/

Свет

Сподели преку :

Десетици илјади студенти излегоа на улиците на Тирана, каде што протестите против високите трошоци за образование и корупцијата ескалираа во насилни судири со полицијата.

Демонстрантите ја запалија зградата на Министерството за образование и две банкарски филијали, фрлаа камења кон полицајците и оштетија продавници.

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ја растера толпата. Според властите, повредени се 23 полицајци и шест други лица, а приведени се 35 демонстранти.

Протестите претставуваат нов удар за премиерот Еди Рама, кој минатата година освои четврти последователен мандат, но се соочува со растечко незадоволство поради обвинувањата за корупција во највисоките владини кругови.

Студентите бараат подобри услови на универзитетите, пониски трошоци за студирање, поголема финансиска поддршка и подобри можности за вработување по дипломирањето.

Демонстрациите се проширија и во универзитетските градови Елбасан и Скадар.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај повика на смирување на тензиите, додека владата го осуди насилството и повика на мирни демонстрации.

Европската Унија изрази загриженост поради ескалацијата и побара брза истрага за наводите за прекумерна употреба на сила од полицијата врз демонстрантите и новинарите.

Б.С.