Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Генералите бараат да не се пренесува егзекуцијата на Нидал Хасан во живо

/

Свет

Сподели преку :

Група од 72 пензионирани американски генерали, адмирали и други високи воени офицери вршат притисок врз американската влада да ги откаже плановите за пренос во живо на егзекуција со стрелачки вод.

  • „Бараме од претседателот, од нашите претставници во Конгресот и од нашите сограѓани да преземат мерки за да се спречи оваа варварска злоупотреба на власта“, напишаа тие во писмото, во кое исто така наведуваат дека преносот во живо би го претворил масовниот убиец во „маченик“.

Минатата недела, Пентагон објави дека јавно ќе ја прикаже егзекуцијата на Нидал Хасан, закажана за 3 декември. Хасан, воен психијатар, застрела и уби 13 невооружени американски војници во воената база „Форт Худ“.

Пратеници од двете партии, како и верски лидери, го критикуваа овој план.

Минатата недела претседателот Доналд Трамп изјави дека „апсолутно“ го одобрува планот за пренос во живо, но некои претставници на администрацијата сега се против тоа. Медиумите веќе објавија дека Трамп сè уште нема донесено конечна одлука за преносот во живо.