Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хрватска ќе дава 803 евра државна помош за новородено дете

/

Свет

Сподели преку :

Од 613 на 803 евра Хрватска ќе ја зголеми еднократната финансиска поддршка за новородено дете  од 1 јануари 2027 година, а предлогот за измена на законот што би овозможило идни зголемувања наскоро ќе биде доставен во постапка, изјави денеска министерот за демографија и имиграција Иван Шипиќ, јави Хина.

За спроведување на мерката на годишно ниво се обезбедени речиси 28 милиони евра, изјави Шипиќ по седницата на Владата.

Според предлогот за измена на Законот за мајчински и родителски додатоци, во декември оваа година Владата ќе го утврди износот на поддршката за следната година со цел да се примени новиот износ од 1 јануари 2027 година. Планирано е еднократната поддршка да се зголеми од сегашните 618 на 803 евра, односно од 140 на 182 проценти од буџетската основа.

„Демографијата нема алтернатива за хрватската Влада, тоа е капитално прашање и Владата ќе најде средства за тоа“, нагласи Шипиќ.