Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Генерал Џавани: САД направија стратешка грешка со убиството на ајатолахот Али Хамнеи

/

Свет

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави направија стратешка грешка со претпоставката дека иранското раководство ќе се распадне по атентатот врз претходниот ајатолах и лидер на Иран, Али Хамнеи, изјави денеска генералот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Јадолах Џавани.

Според него, САД погрешно ја процениле стабилноста на Иран и додаде дека проценката на САД не ја одразува „реалноста на иранското општество“, пренесува иранската агенција Фарс.

Џавани изјави дека Вашингтон врши континуиран притисок врз Техеран уште од пред претседателствувањето на Доналд Трамп, но дека тие напори не вродија со плод поради „упорноста и решителниот одговор“ на Иран.

Трамп претходно рече дека САД „можеби отишле предалеку“ во нападите врз иранското раководство, велејќи дека Вашингтон сега има тешкотии да утврди со кого може да преговара.

„Можеби отидовме предалеку со лидерите затоа што повеќе не знаеме со кого, по ѓаволите, имаме работа“, рече Трамп на предизборен митинг во Јангстаун, Охајо, објави Фајненшл експрес.

„Никој не сака да биде претседател на Иран“, рече Трамп, тврдејќи дека потенцијалните кандидати не се подготвени да ја преземат функцијата.

Масуд Пезешкијан е претседател на Иран од јули 2024 година.