Обвинителството бара да и се одреди притвор на Ива Михаилова. Предлогот е доставен до Судот во Кочани, само еден ден откако Михаилова пребегна во Бугарија.
И додека се чека одлуката на Судот дали ќе го прифати предлогот на Обвинителството во отсуство да и биде одреден притвор, не стивнуваат реакциите за нејзиното бегство. Иако таа и нејзиниот адвокат изјавија дека границата ја поминале со лична карта, од МВР рекоа дека на ниту еден граничен премин не е евидентиран излез на Ива Михаилова.
Михаилова е обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици која се случила во октомври минатата година, а во која таа беше повредена. Судењето се одвиваше во Судот во Кочани, а на последните неколку рочишта на судењата присуствуваа и бугарски пратеници и други лица од Бугарија кои и даваа поддршка на Михаилова. Поради тоа што Михаилова поседува македонско и бугарско држвајанство, тие се обидоа целиот случај да го политизираат и да го претстават како процес против бугарски држвјанин кому не му се дава право да се лекува.

Ива Михаилова, која има македонско и бугарско државјанство и против која се води судски процес во Кочани, ја напуштила нашата земја и со својот адвокат ја преминала границата и влегла во Бугарија. Во изјава за бугарските медиуми, Михаилова кажа дека се одлучила за ваквиот чекор заради влошување на здравствената состојба. Михаилова е обвинета дека на… Продолжи со читање













