Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија

/

Економија

Сподели преку :

Меѓународниот монетарен фонд ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија за 2026 година на 3,5 проценти, во однос на претходно предвидените 3,1 процен

За 2027 година, Фондот очекува економски раст од 3,2 процент.

Според најновите проценки на ММФ, Македонија е меѓу земјите во регионот со повисока проектирана стапка на раст, заедно со Албанија и Косово, за кои исто така се предвидуваат 3,5 проценти.

Претходно, и Светската банка ја зголеми прогнозата за македонскиот економски раст во 2026 година од 2,9 на 3,2 проценти, посочувајќи ги инфраструктурните проекти како еден од главните двигатели.

ММФ ја зголеми и прогнозата за раст на светската економија во 2026 година на 3,1 процент, но предупредува на ризици поврзани со повисоките цени на енергенсите и инфлацијата. Фондот очекува просечната цена на нафтата да достигне 96 долари за барел, што би придонело за зголемување на глобалната инфлација на 4,7 проценти.

Jumbo 2