Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп најави енергетско примирје меѓу Русија и Украина, Зеленски бара детали

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Русија и Украина се согласиле на итно енергетско примирје, кое предвидува запирање на нападите врз енергетската инфраструктура. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сè уште ги очекува деталите од американската страна, додека Москва засега не го потврди постигнувањето на договорот.

Зеленски порача дека Украина ја поддржува иницијативата, но нагласи дека примирјето мора да важи за двете страни и да биде проследено со конкретни гаранции.

Најавата доаѓа по засилениот притисок од Трамп врз Киев да ги прекине нападите врз руските нафтени рафинерии, за кои американскиот претседател тврди дека придонесуваат за растот на цените на дизелот.

Зеленски претходно порача дека Украина е подготвена да ги запре нападите доколку Русија ги прекине ударите врз украинската енергетска инфраструктура. Дополнителни тензии предизвика и договорот за испорака на руски дизел, кој украинскиот претседател го оцени како потег што може да ја зајакне руската воена машинерија.

Меѓувреме Киев продолжува со консултациите со европските сојузници за дополнителна воена помош, особено за зајакнување на воздушната одбрана, додека европските претставници разгледуваат и можности за дополнителен притисок врз Москва преку санкции.