Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шест полицајци пред суспензија за случајот со прекумерна употреба на сила во Сарај

/

Македонија

Сподели преку :

За случајот со прекумерна употреба на сила од страна на полициски службеници, против шест ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и отстранување од работното место-суспензија, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема мерки и дејствија за настанот случен на 07.10.2026 за прекумерна употреба на физичка сила и нанесени телесни повреди врз лица од страна на полициски службеници при преземање на полициски овластувања.

(Видео) МВР ја пишува кривичната пријава за полицаецот насилник

Двете момчиња од скопски Сарај кои во средата вечера беа нападнати и претепани од полициски службеници попладнево ќе бидат повикани во полиција за да извршат препознавање на припадниците на полицискиот тим кој брутално ги претепа таа вечер и со тоа ќе биде комплетирана кривичната пријава со која ќе биде опфатен најмалку еден полициски службеник а… Продолжи со читање

telma.com.mk

Од извршените проверки, обезбедените снимки од настанот и обезбедените изјави на лица сведоци на настанот, утврдени се низа неправилности при постапувањето на полициските службеници за што од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР против шест полициски службеници ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе бидат изречени мерки за отстранување од работно место-суспензија.

МВР информира дека во однос на пријавите за кривично правните настани поднесени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Секторот за внатрешни работи Скопје од страна на надлежните обвинителства се издаваат наредби за вештачење по кои се постапува.

По документирање на целокупниот доказен материјал ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Jumbo 2