Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови напади во Запорожје, загинаа најмалку 15 лица

/

Свет

Сподели преку :

Архивска фотографија

Во руските напади во украинскиот регион Запорожје загинаa најмалку 15 лица – соопштија украинските власти во саботата, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави договор за купување руски дизел, за кој Киев предупреди дека ќе помогне во финансирањето на руската војна во Украина – објави новинската агенција Асошиејтед Прес (АП).

Меѓу загинатите се и три деца, откако руски воздушни бомби погодиja станбени згради во Запорожје –  соопшти во саботата Државната служба за вонредни состојби на Украина. Во нападот се повредени најмалку 16 лица.

Во саботата, во дневен напад, ракети го погодија и Киев. Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека четири лица се  повредени.

Русија во последните месеци ги засили нападите врз украинската територија, што доведе до зголемување на бројот на цивилните жртви.

Во меѓувреме, дипломатските напори со посредство на САД за завршување на руската инвазија врз Украина, која трае веќе четврта година, засега не дадоа резултати.