Силен земјотрес со магнитуда од 7,6 степени го погоди подрачјето крај јужниот брег на Панама, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на американската геолошка служба. Потресот е регистриран на длабочина од 10 километри и според сведоци се почувстувал во главниот град Панама Сити, но и во Сан Хозе, главен град на Костарика.
Поради потресот постои опасност од појава на цунами во делови на пацифичкиот брег на Средна и и Јужна Америка.












