Меѓународниот кривичен суд (МКС) е камен-темелник на меѓународниот систем за кривична правда, напиша денеска на Икс високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.
„Тој ги гони поединците одговорни за најтешките кривични дела според меѓународното право. Разговарав со претседателката на МКС, Томоко Акане, по најавената намера на Соединетите Држави да воведат санкции. Шестмесечниот период пред стапувањето на мерките во сила нуди можност за дијалог“, додаде таа.
ЕУ отсекогаш го поддржувала Судот и располага со опции за да обезбеди тој да може да ја продолжи својата витална работа. Заштитата на МКС останува приоритет на ЕУ, нагласи Калас.
Соединетите Американски Држави воведуваат опсежни санкции против Меѓународниот кривичен суд, соопшти денеска Стејт департментот.
Мерките ќе забранат трансакции со судот со седиште во Хаг, ќе ги прекинат неговите ресурси и сериозно ќе ја ограничат неговата способност за работа, соопшти департментот.

Соединетите Американски Држави воведуваат опсежни санкции против Меѓународниот кривичен суд, соопшти денеска Стејт департментот. Мерките ќе забранат трансакции со судот со седиште во Хаг, ќе ги прекинат неговите ресурси и сериозно ќе ја ограничат неговата способност за работа, соопшти департментот. „Претседателот Трамп никогаш нема да дозволи Меѓународниот кривичен суд да им суди на Американци“, се наведува… Продолжи со читање












