Илјадници граѓани маршираа низ центарот на Мадрид во чест на 87-годишната Марикармен Абаскал, чие иселување од домот предизвика бран протести низ Шпанија.
Таа почина во средата, откако од 23 септември беше хоспитализирана поради силна анксиозност и исцрпеност.
Причината за смртта засега не е објавена. Абаскал живеела повеќе од 70 години во својот дом, но била иселена по долга правна битка со новите сопственици на зградата, инвестициски фонд, поради зголемувањето на киријата што не можела да го покрива со својата пензија.
Додека била во болница, постигнала договор повторно да се врати во домот, но почина пред да се случи тоа.
Демонстрантите ги обвинуваат алчните сопственици и бараат поголема заштита на станарите… Случајот дополнително ја заостри политичката дебата за станбената криза, високите кирии и недостигот од достапни станови.
Премиерот Педро Санчез распиша предвремени парламентарни избори за 29 ноември, откако парламентот ги отфрли владините предлози за решавање на кризата.
Според истражување објавено во четвртокот, 76,3 проценти од граѓаните поддржуваат интервенција на државата на пазарот за да се гарантира пристап до домување.












