Вести Свет Топ вести

Бајден и Меркел во Вашингтон разговараа за соработката, но и за разликите

Претседателот на САД, Џозеф Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел, во Вашингтон разговараа за односите меѓу двете земји, пред се за разликите околу гасоводот „Северен поток 2“ и ставовите кон Кина.

За време на краткиот состанок со новинарите, и Бајден и Меркел се обидоа да ги намалат постојните разлики, јавија американските медиуми.

Бајден рече дека „соработката меѓу САД и Германија е силна“, а Меркел, која имаше лоши односи со неговиот претходник Доналд Трамп, рече дека е „многу среќна што ги продлабочува односите“ меѓу двете земји.

Канцеларката беше на работен појадок со потпретседателката на САД, Камала Харис, чиј кабинет објави дека имале „многу отворен разговор“.

Меркел, која дојде во проштална посета на Вашингтон, откако се повлекува од политиката по изборите во септември, изрази сочувство до семејствата на загинатите во разорните поплави што ги погодија Германија и Белгија.

И во Берлин и во Вашингтон постои одредена загриженост за насоката на развој на односите меѓу двете земји по повлекувањето на Меркел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

Дејан Дејан

Девет европски земји бараат од Европската комисија да ги олесни контролите на границите

Дејан Дејан

Америка ги интензивира нападите кон Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе