Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Конструктивна средба, но без приближување на ставовите меѓу Муцунски и Петрова-Чамова

/

Македонија

Сподели преку :

Конструктивна средба во позитивен дух, која не доведе до приближување на ставовите. Ова е оценката по денешната средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија во Софија. Муцунски, кој рече дека меѓу двете страни има висок степен на недоверба, на Петрова-Чамова ѝ предочил дека „дијалогот ќе функционира во рамки на добрата волја и верба, но земајќи ги предвид нашите интереси како држава.

  • Позициите се јасни дека стратешки предизвик ни е да влеземе во ЕУ, но има билатерални прашања за кои не може да се преговара. Прашањата поврзани со јазикот, идентитетот и слично, не може да бидат предмет на разговор – Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

И бугарската министерка ја оцени средбата како конструктивна, „иако позициите на двете држави по суштинските прашања и понатаму се далечни„.За  европската перспектива на Македонија останува условот за уставни измени, а не можат да дадат гаранции дека и доколку се направат, нема и понатаму да не блокираат.

  • Никој не може да даде таква гаранција, но можеме да дадеме политичка поддршка доколку се исполнат условите од договореното во 2022 година – Велислава Петрова-Чамова, министерка за надворешни работи на Бугарија.

На средбата е  разгледан и случајот на Ива Михаилова, македонско-бугарска  државјанка која направи сообраќајка со смртни последици и бара да се лекува во Бугарија, а за која ќе им биде дозволено и на бугарски лекари да се приклучат кон медицинската комисија што ја проценува нејзината здравствена состојба.

Муцунски денеска имаше тет-а-тет средба и со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, со која разговарале за реформската агенда и стратешките интереси на државата. Во однос на спорот со Бугарија, се разгледувала можноста ЕУ да биде продуктивна во тој процес. Договорено е дијалогот да продолжи по сите прашања од заеднички интерес.

Од Софија за Телма се јави Далиборка Демјанска

Има висок степен на недоверба, но разговаравме конструктивно – рече Муцунски по средбата со бугарската шефица на дипломатијата

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски по средбата со неговата бугарска колешка Велислава Чамова Петрова рече дека меѓу двете страни има видок степен на недоверба, но разговорот поминал во  конструктивна атмосфера и во позитивен дух. На денешната средба не се постигнал суштински договор и двете страни останале на своите позиции кои се многу различни и… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2