Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски по средбата со неговата бугарска колешка Велислава Чамова Петрова рече дека меѓу двете страни има видок степен на недоверба, но разговорот поминал во конструктивна атмосфера и во позитивен дух.
На денешната средба не се постигнал суштински договор и двете страни останале на своите позиции кои се многу различни и далечни.
„Помеѓу двете страни, апропро процесот на нашата европска интеграција постои висок степен на недоверба. За нас таа недоверба е во предвидливоста на процесот, но можам да кажам дека денешната средба беше конструктивна, во позитивен дух.
Не е дека решивме некое суштинско прашање, позициите се се уште многу далечни, нема дилема но разговараме во позитивен дух за развивање на дијалог во периодот кој следи. . Исто така сме цврсто определени на позициите дека прашања поврзани со јазик, идентитет, со историја, култура не смеат да го оптоваруваат нашиот европски пат“, рече шефот на дипломатијата Муцунски.













