Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

РЕК пред енергетска транзиција, Пелагонија пред економски предизвик

/

Економија

Сподели преку :

Процесот на   праведна  транзиција за Битола не значи  само промена на енергетскиот систем. Постепеното напуштање на јагленот ќе ја промени и економијата на Пелагонија, која со децении е поврзана со РЕК Битола. Од комбинатот, покрј вработените,  зависат и многу локални бизниси и услужни дејсности. Токму тука е клучна улогата на локалната самоуправа во процесот,  да создаде  услови за  нови  зелени работни места. 

-Ја имаме Индустриската зона Жабени, ја имаме старата индустриска зона, имаме делови на неформални индустриски делови во градот. Во последниот период има една ренесанса во тој дел, да има и зелени работни места, но и реконструкција на стари капацитети на коишто им се дава нова намена или се ставаат во функција и се отвораат нови работни места, вели   Борче Димитровски, Локален економско-социјален совет  (ЛЕСС) на Општина Битола.

Во индустриската зона Жабени  денес функционираат шест компании, а во нив се вработени над  6.000 лица од пелагонсикито регион.  Најави има и за проширување на постојните капацитети и за нови инвестиции. 

-Ова е индустриската зона Жабени кај Битола која се протега на површина од 84 хектари. Во услови на декарбонизација на регионот и постепено намалување на зависноста од јаглен,  времето ќе покаже како ќе се искористи  овој потенцијал за идниот економски развој на Пелагонија.

Но, за успешна праведна транзиција потребни се и многу пари.  Од Локалниот економско-социјален совет велат дека соседна Грција процесот го спроведуваше  со повеќе милијарди евра европска поддршка и укажуваат дека е потребна поголема финансиска помош и за Пелагонискиот регион 

-Шесте држави коишто се дел од Западен Балкан и коишто се дел од концептот на напуштање на јагленот како енергенс, не добиваат пристап до директните фондови и до поголеми средства. За да може транзицијата, праведна или енергетска, да остави што е можно помалку траги, тоа е поврзано со многу пари. А ЕУ тоа не го отвора и имаме не многу искрен пристап во тој дел, вели Борче Димитровски, Локален економско-социјален совет на Општина Битола.

Транзицијата кон зелена енергија е неизбежна, но за таа да биде праведна, промената на енергетскиот систем мора да биде проследена и со нови економски можности и работни места за регионот.

Новинар Емилија Мисирлиевски

Сниамтел Златко Jосифовски

Jumbo 2