Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Илјадници студенти протестираа во Рио против Болсонаро

/

Свет

Сподели преку :

Илјадници бразилски студенти маршираа низ Рио де Жанеиро, протестирајќи против можноста Флавио Болсонаро да стане претседател, откако во првиот круг од претседателските избори освои повеќе гласови од актуелниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва.

Демонстрантите, главно облечени во црвено, маршираа меѓу два историски плоштада во центарот на Рио, извикувајќи пароли и носејќи транспаренти со пораки за заштита на суверенитетот и демократијата.

-Протестот се одржа во услови на зголемена политичка поларизација во земјата. Учесниците порачаа дека демократските институции и суверенитетот на Бразил се загрозени и повикаа на нивна заштита. Овде сме главно зa да ги браниме образованието и демократијата, бидејќи сме сведоци на глобален подем на екстремната десница вклучително и овде во Бразил како и на мешањето на САД. Се бориме за нашите права јас, како студент по филозофија, морам да продолжам да се борам за претседател кој го брани нашето академско истражување, вели демонстрант.

-Излезени сме на улица да протестираме за поддршка на Лула, бидејќи сметаме дека владата на Флавио Болсонаро не нè претставува. За време на претходната влада на Жаир Месијас Болсонаро, тој се обиде да го скрати буџетот на федералните универзитети, вели демострант.