Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран: Протокот на нафта низ Ормускиот Теснец е намален за 60 отсто

/

Свет

Сподели преку :

Протокот на сурова нафта низ Ормускиот Теснец во последните два дена е намален за 60 отсто и достигна околу 3,8 милиони барели дневно, јави денеска агенцијата Тасним, повикувајќи се на ирански официјални лица. Според ирански извори, се проценува дека неделниот просек на нафта што минува низ Ормускиот Теснец изнесува околу 9,3 милиони барели дневно.

Претходно, советник на иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) изјави дека протокот е „целосно под контрола“ на Иран и дека ќе остане затворен додека САД не ги прифатат неговите барања, додавајќи дека количината нафта што во моментов се шверцува преку тој воден пат е „многу мала“.

Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно денеска изјави дека Иран ја изгубил целосната контрола врз Ормускиот Теснец и дека сега тој воден пат е отворен, како и дека количините нафта што сега минуваат низ него се целосно еднакви на количините пред блокадата.

Советникот на командантот на ИРГЦ, Мохамедреза Нагди изјави дека пловните рути во Ормускиот Теснец кои Иран ги смета за нелегални наскоро ќе бидат затворени. Нагди рече дека тие рути се направени така што биле пробиени и оштетени одделни карпести премини во тој стратешки воден пат и дека ги користеле чамци за шверцување нафта, пренесува полуофицијалната агенција Фарс.

Извозот на сурова нафта од Блискиот Исток преку Ормуската Теснина и понатаму е неизвесен поради застојот во мировните преговори меѓу САД и Иран.