Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Франција ќе ослободи 10 милиони барели дизел во наредните три месеци

/

Свет

Сподели преку :

Францускиот премиер Себастијан Лекорн најави дека Франција „ќе ослободи 10 милиони барели дизел од своите стратешки резерви“ во наредните три месеци, што се очекува да доведе до „пад на цената на дизелот од 10 до 18 центи“, пренесува „Фигаро“.

„Кога живеете далеку од работата, полнењето на резервоарот значително го оптоварува вашиот месечен буџет. Како што знаете, ги зголемивме субвенциите за возачите со голема километража. Енергетскиот ваучер ќе биде исплатен во јануари, а не на пролет, за најскромните домаќинства“, рече Лекорн.

Тој изјави дека ги разбира барањата за намалување на даноците, но потсети дека повеќе од 70 милијарди евра беа потрошени за време на епидемијата на ковид-19 за помош на населението, како и дека националниот долг и понатаму се зголемува.

Говорејќи за економскиот раст, Лекорн рече дека смета оти целта на владата е да го намали јавниот дефицит на пет отсто.

„И покрај веќе преземените мерки, дефицитот се проектира на 5,5 отсто. Нашата земја старее, а нашиот пензиски систем соодветно на тоа се зголемува. Буџетот што го предлагаме вклучува закрепнување од 54 милијарди евра. Донесувањето на оваа одлука со праведна распределба на товарот ќе ни овозможи да планираме за целата земја“, наведе Лекорн.