Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се обидел да продаде Ураниум-238 на странска држава за 700.000 евра – уапсен маж во Грузија

/

Свет

Сподели преку :

Грузиската Национална служба за безбедност соопшти дека е уапсен Грузиец кој се обидел да продаде Ураниум-238 на странска држава за 700.000 долари. Уапсениот грузиски државјанин е обвинет за незаконско ракување со нуклеарен материјал и му се заканува затворска казна до 10 години.

Ураниум-238 е најзастапениот изотоп на ураниумот. Иако е радиоактивен, Ураниумот-238 генерално не може сам по себе да се употреби за производство на атомска бомба.

Во Грузија, по распадот на Советскиот Сојуз, регистрирани се неколку сериозни инциденти поврзани со нелегална трговија со нуклеарни материјали. Во февруари беа приведени две лица кои се обиделе да купат ураниум во вредност од три милиони долари, како и резерви од радиоактивен изотоп, што се користи во програмите за тестирање на нуклеарно оружје.