Простувањето на Лионел Меси од дресот на Аргентина донесе големи емоции. Аргентинците се погрижија и визуелно да му приредат збогување кое доликува на неговиот труд и дело во историјата на фудбалот.
The full farewell post match.. They indeed honoured him. https://t.co/2NN0qYHOXn
— Santi (@PeakSxnti) October 7, 2026
Сепак и покрај спектаклуларното визуелно простување, фановите на Меси веднаш реагираа на пропуст што како што велат не може да се прости. Имено во еден момент беше прикажан ликот на Меси како ја удира топката со десната нога, што веднаш го забележаа навивачите.
Деталот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, бидејќи Меси во текот на целата кариера е препознатлив токму по својата неверојатна лева нога.
Претходно Меси го започна својот последен натпревар за репрезентацијата заедно со огромното мнозинство играчи од тимот што го освои Светското првенство во 2022 година. Капитенот на Аргентина по натпреварот им се заблагодари на семејството, соиграчите и навивачите, истакнувајќи дека за него била огромна чест повеќе од 20 години да го носи дресот на националниот тим.
„Денес е тешко да се каже што било, има многу емоции, многу работи ми минуваат низ глава. Прво помислувам на мојот татко. Ми преостанува само да се заблагодарам, како што кажав и во прошталното писмо. За мене беше огромна чест повеќе од 20 години да го бранам овој дрес. Дури и во најтешките моменти низ кои минувавме, никогаш не престанав да се борам, да давам сè од себе и секогаш да бидам тука“, рече Меси.
El último gol de Messi en la Selección.
https://t.co/krT9NIloAl— Team Leo Messi (@TeamLeoM) October 7, 2026
Тој призна дека особено тешко ќе му падне тоа што повеќе нема да доаѓа на собирите на репрезентацијата.
„Многу ќе ме боли што повеќе нема да доаѓам. Ви се колнам, би сакал да доаѓам цел живот, бидејќи играњето за репрезентацијата на Аргентина е најубавото нешто што може да ти се случи“, истакна Меси.
Зборувајќи за одлуката да ја заврши репрезентативната кариера, Меси се осврна и на последното Светско првенство и патот на Аргентина до борбата за светската титула.
„Иако сакам засекогаш да бидам тука, чувствувам дека дојде моментот. Сè што доживеав на последното Светско првенство беше премногу. Сонувавме повторно да станеме светски шампиони, бевме многу блиску и вистината е дека не се случи ништо невообичаено“, рече капитенот на Аргентина.
El día más triste de mi vida.
https://t.co/a5udo6Qmlg— Team Leo Messi (@TeamLeoM) October 7, 2026
Меси посебно им се заблагодари на соиграчите со кои во текот на репрезентативната кариера ги освои Светското првенство, Копа Америка и Финалисима.












