Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с.7. e.18 денеска во 16:15 (07 окто. ’26)

/

Црвена линија

Сподели преку :

Македонија е богата држава. Толку богата што, според досегашните наоди од проверките, со години можела да исплаќа социјална помош и на луѓе кои не се меѓу нас – на лица кои одамна ја напуштиле државата, па дури и на корисници кои воопшто не постоеле.
Досега во проверките откриени се над 4.500 спорни, односно таканаречени „лажни“ корисници. И тука доаѓа најважното прашање: Кој ги одобрувал исплатите, кој ги проверувал списоците и, конечно – каде завршувале парите?
Прашањето е: како функционирал системот на контрола и кој бил одговорен за неговото спроведување?
Додека едни граѓани чекаат со месеци за помош, надлежните сега тврдат дека со отстранувањето на спорните корисници месечната исплата е намалена за околу 200 милиони денари.
Но, ако сега се заштедуваат 200 милиони денари месечно, се отвора и следното прашање:
Колку средства биле исплатени во претходните години и колкав дел од нив може да се врати во Буџетот?
АНКЕТА: Треба ли да има постапка за враќање на неосновано исплатените средства? Дa/Нe