Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Младите се почесто заболуваат од канцер

/

Свет

Сподели преку :

Новото меѓународно истражување покажува значителен пораст на случаите на некои видови рак кај луѓето под 50 години во Англија, САД и Холандија.

Во Англија, случаите на рак на простата кај помладите мажи се зголемиле четирикратно од 2001 година, додека ракот на дебелото црево, бубрезите и матката се повеќе од удвоени.

Истражувачите од Светскиот фонд за истражување на ракот наведуваат дека зголемената дебелина, нездравата исхрана, недоволната физичка активност, алкохолот, пушењето и изложеноста на загадување и хемикалии може да придонесуваат за ваквиот тренд.

Сепак, подобрата информираност и пораното откривање на болеста исто така имаат влијание. Експертите предупредуваат дека иако ракот сè уште е многу почест кај постарите луѓе, порастот кај помладите бара дополнителни истражувања и превентивни мерки.

Во Велика Британија е најавено големо истражување со 250.000 учесници за да се утврдат причините за зголемувањето на случаите на рак на дебелото црево кај помладите.