Зад повлекувањето на американските бомбардери од воената база во Обединетото Кралство стојат „некои закани“, кажа Трамп што е спротивно на претходните изјави на државниот секретар Марко Рубио.
„Имаше некои закани“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.
„И наместо да го искушуваме непријателот, ќе ги заробиме и ќе ги победиме, но зошто би ги оставиле таму? Затоа ги преместивме… не многу далеку.“
Трамп рече дека оние што стојат зад заканите веројатно се поврзани со Иран кога новинарите го прашаа кој е одговорен.
Неколку часа претходно, Рубио рече дека повлекувањето не е директно поврзано со терористички закани, нарекувајќи го потегот – рутински.
Пентагон подоцна потврди дека сите американски бомбардери распоредени во британската воздухопловна база Ферфорд се вратиле во своите бази во САД. Тоа се чини дека е спротивно на изјавата на Трамп дека авионите биле преместени „не многу далеку“, јавија американски медиуми.
Волстрит џурнал објави дека дванаесет бомбардери Б-1 биле стационирани во базата до неодамнешното напуштање.
На крајот на септември, петмина мажи беа уапсени во близина на базата Ферфорд на воздухопловните сили РАФ под сомнение за терористички заговор, а потоа и шести осомничен. Сите оттогаш се условно ослободени.












