Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 100 ученици евакуирани од париска гимназија поради пожар

/

Свет

Сподели преку :

Сто ученици се евакуирани од париската гимназија Воклен во 13-от арондисман во Париз поради пожар подметнат од демонстранти собрани пред училиштето, јавија француските медиуми.

Во моментот на гаснење на пожарот, демонстрантите ги нападнаа пожарникарите со пиротехнички средства, а неколку минути откако пожарот беше изгаснат и гимназијата беше евакуирана, Жан-Дидје Берже, државен секретар во француското Министерство за внатрешни работи, се обрати и ги осуди „шокантните инциденти“.

„Ова се кривични дела за кои мора да има казна“, рече Берже.

Управата на париското училиште ги осуди обидите утрово да се подметне пожар пред влезот во гимназијата Воклен. Мобилниот тим за безбедност на француското Министерство за образование веднаш беше испратен на местото на инцидентот.