САД предложија нова рунда трилатерални преговори меѓу Русија и Украина до крајот на октомври… Украина веќе ја потврди својата подготвеност за учество, додека Москва сè уште нема јавно одговорено на предлогот.
Според Зеленски, разговорите би се одржале на техничко ниво, меѓу преговарачки тимови и функционери, а не директно меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.
Како можна локација се споменуваат Обединетите Арапски Емирати, но конечната одлука би зависела од договорот меѓу страните.
Една од можните теми би било ограничувањето на нападите врз виталната инфраструктура… Вашингтон во последните месеци се обидува да ги обнови преговорите меѓу Москва и Киев, но претходните дипломатски напори не доведоа до договор.












