Еврото падна на најниско ниво од мај 2025 година, притиснато од зголемената загриженост на инвеститорите за политичките и фискалните ризици во Европа.
Заедничката валута ослабе за дури 0,8 отсто, во азиското тргување.
Дополнителен притисок создаваат политичките случувања во Франција и шпекулациите за можни предвремени избори во Шпанија.Премијата што инвеститорите ја бараат за француските во однос на германските државни обврзници достигна 152 базични поени, што е на највисоко ниво од 2011 година.
Стратезите на „ЏП Морган“ предупредуваат дека еврото е изложено на ризик од натамошен пад, особено во однос на швајцарскиот франк и јенот.
Дополнителен притисок врз европската валута создава и зајакнувањето на американскиот долар, поттикнато од очекувањата дека Федералните резерви би можеле повторно да ги зголемат каматните стапки поради инфлацијата.












