Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Босна и Херцеговина денес гласа на избори од кои граѓаните очекуваат промени

/

Свет

Сподели преку :

Босна и Херцеговина денес гласа на избори од кои граѓаните очекуваат промени. Но, изборниот ден со проблеми. Новата технологија за биометриска идентификација и скенирање на гласачките ливчиња првпат е дел од процесот, а на повеќе избирачки места имаше застои и доцнење со отворањето. Во земја со длабоки политички поделби, економски проблеми и масовно иселување, граѓаните велат дека сакаат едно – поинаква иднина.

Од раните утрински часови на гласачките места во Босна и Херцеговина се чекаше во редици. За првпат на изборите во државата, гласачите се идентификуваат и биометриски, а пополнетите гласачки ливчиња се скенираат.

-Но, првиот проблем дојде уште на почетокот. Новата изборна технологија предизвика застои на повеќе избирачки места низ земјата. Во Република Српска, според МВР, 201 места не биле отворени навреме во 7 часот утрината, а само во Зеничко-добојскиот кантон доцнело отворањето на најмалку 70 места – Бекир Шушко, гласач во Сараево.

Видете, да ви кажам. Што можам да очекувам од изборите? Јас дојдов овде и порано за да го дадам својот глас, веќе чувствувам одредено незадоволство. Ако некој ова досега го подготвувал… се надевам, еве ние граѓаните можеме само да живееме во надеж. Се надевам дека со изборот сега на тие некои други, за наредните избори системот ќе биде малку подобар.“

Незадоволството од изборниот процес доаѓа во земја во која и довербата во политичката елита е на ниско ниво. Како жители на една од најсиромашните земји во Европа, граѓаните најчесто зборуваат за економијата, платите, иселувањето и иднината на младите. Кампањата, пак, повторно беше силно обележана со етнички и национални прашања.

  • Ете, се надевам дека ќе биде подобро, затоа што полошо и не може да биде. Треба да биде подобро, затоа и дојдовме, да покажеме солидарност. Ете тоа го очекувам, а што ќе биде, тоа ќе видиме“ – – Михајло Вратишиќ, гласач во Сараево.

Аналитичарите предупредуваат дека вистинскиот тест нема да биде само кој ќе освои најмногу гласови.По изборите следува многу потешкиот дел – формирање власт во сложен систем во кој политичките блокади се честа појава. Истовремено, резултатот ќе биде важен и за европскиот пат на земјата. Босна и Херцеговина има кандидатски статус за членство во Европската Унија, но реформите потребни за напредок се движат бавно. А токму тоа е една од главните дилеми по овие избори – дали новата власт ќе успее да ги стави економијата и животниот стандард пред политичките конфликти.

  • Нов Претседател и што е можно повеќе млади луѓе. А овие старите.
  • Нека победи подобриот. Гласаме, и ќе биде како што ќе биде. Отсекогаш е така. И по изборите или се каеме или не се каеме. Некои се задоволни, некои незадоволни, така отсекогаш било, велат грасачите.

Кој ќе победи ќе се знае по затворањето на избирачките места. Повеќето од 75-те политички партии што учествуваат на изборите во БиХ се организирани по етничка линија, во Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина, каде мнозинството се Бошњаци и Хрвати. Двата ентитета се поврзани преку заедничките државни институции – трочленото Претседателство и Парламентот.

Никола Илиевски