Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран бара конкретни американски гаранции за прекин на војната

/

Свет

Сподели преку :

Иран инсистира на конкретни гаранции од САД за прекин на војната, изјави раководителот на Центарот за политички и меѓународни истражувања при иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзаде, пренесе иранската новинска агенција ИРНА.

Хатибзаде ова го изјави во интервју за телевизијата „Росија-1“, одговарајќи на прашање за информациите во американските медиуми дека претстојните преговори со посредство на Катар стигнале до ќор-сокак.

Хатибзаде, кој е и заменик-министер за надворешни работи на Иран рече дека политиката на Техеран е спорните прашања да се решаваат по дипломатски пат, и покрај, како што наведе, прекршувањето на преземените обврски, „нелојалноста“ од страна на САД и тоа што другата страна повеќепати ја нарушила довербата во текот на преговорите.

Тој посочи дека иранскиот „седумдневен план за решавање“, односно „седумдневната иницијатива“, е во согласност со тој дипломатски пристап.

„Овој план ѝ го претставивме на американската страна преку Катар, а неодамна го добивме ставот на другата страна преку катарскиот посредник и за време на краткиот престој на министерот при неговото враќање од Њујорк“, рече Хатибзаде.

Тој истакна дека во изминатите неколку недели, откако американската Влада го прекршила договорот од Исламабад, Иран ја одржувал својата одбранбена готовност на највисоко можно ниво и останал подготвен за секое можно сценарио.

Истовремено, според неговите зборови, Иран, како земја која континуирано се стреми кон спречување на регионалните кризи, преку посредници како Катар и Пакистан вложил напори да ги претстави своите предлози како одговор на упатените прашања.