Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Славески: Реформите можат да ја забрзаат европската интеграцијата

/

Економија

Сподели преку :

Структурните реформи во пазарот на трудот, човечкиот капитал, деловното окружување и доброто управување можат да го зголемат БДП на Македонија за околу 14 отсто, доколку се затвори половина од јазот со водечките економии во Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Ова го истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на меѓународна конференција во Кишињев.

Славески оцени дека реалната економска конвергенција на земјите од Западен Балкан сè уште е бавна и оти институционалните реформи, владеењето на правото и ефикасноста на институциите се клучни за подобра инвестициска клима и поголем економски раст.

Тој посочи дека трговската отвореност на земјата во 2025 година достигнала околу 130 отсто од БДП.

Како пример за придобивките од европската интеграција, Славески го наведе членството во СЕПА, со кое значително се намалиле трошоците за прекугранични плаќања.

Според него, заштедите од пониските банкарски провизии се очекува да достигнат околу 5 милиони евра во првата година, додека подготовките за системот ТИПС треба да овозможат побрзи и поефикасни инстант-плаќања.