Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Руски напади врз Киев, затворени два моста, има загинати и повредени

/

Свет

Сподели преку :

Нови руски напади врз Киев во текот на ноќта загина едно лице, а две се повредени, откако нападот оштети станбена зграда од 25 ката во областа Дарницки во главниот град, соопштија локалните власти рано утринава.

Во текот на ноќта, руските сили повторно го нападнаа Јужниот мост во Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко, откако овој важен премин преку Днепар претходниот ден беше цел на неколку напади со руски беспилотни летала.

Јужниот мост и мостот „Патон“ се затворени за сообраќај во двете насоки по ноќниот напад, додека мостот „Метро“ е затворен во правец кон десниот брег на Киев, соопшти Градската државна управа на Киев.

Поради воведените ограничувања, неколку автобуски линии се пренасочени преку мостовите „Дарницки“ и „Подилски“. Нема извештаи дека биле погодени мостовите „Патон“ или „Метро“.

Најновиот напад уследи по повторените руски удари врз главниот град на 1 октомври.