Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кристи Пајк, која ја преживеа смртната казна, се наоѓа во „критична состојба“ – адвокати бараат преиначување на нејзината казна

/

Свет

Сподели преку :

Кристи Пајк, осуденичка на смрт во Тенеси, се наоѓа во „критична состојба и прима медицинска нега за спасување на животот“ во болница, откако преживеала два обида за погубување со смртоносна инјекција, што го натерало гувернерот на државата да ги запре сите погубувања за оваа година.

„Во моментов немаме сознанија за нејзината прогноза, ниту подетални информации за нејзината здравствена состојба“, изјави  нејзиниот адвокат Ренди Спајви. „Но, знаеме дека таа е жива во овој момент.“

Нејзините адвокати сега бараат преиначување на нејзината казна. Пајк (50) беше осудена на смрт во 1996 година за убиството на Колин Слемер, објави Би-Би-Си.

Во средата ѝ биле вбризгани две смртоносни дози пентобарбитал, но таа останала жива, соопштија нејзините адвокати. Потоа била пренесена во болница со брза помош.

Пајк имала 18 години кога таа и нејзиното тогашно момче, Тадарил Шип, ја претепале, мачеле и убиле 19-годишната Слемер.

Обидот за нејзино погубување во средата беше предмет на правна битка во последен момент. Ова кулминираше со одлуката на Врховниот суд на САД да дозволи спроведување на погубувањето со смртоносна инјекција.

Мајката на Слемер, Меј Мартинез – која беше меѓу оние што сакаа погубувањето да се случи и која отпатува во Тенеси за да присуствува на него – по неуспешниот обид изјави за NBC News дека сè се претворило во „хаос“.

Б.С.

И по две смртоносни инјекции Кристи Пајк остана жива – егзекуција е прекината, таа е во болница

Обидот за егзекуција на 50-годишната Криста Пајк во Тенеси е прекинат откако таа останала жива по две дози пентобарбитал. Нејзините адвокати поднеле итно барање за прекин на постапката, наведувајќи дека Пајк била без свест, но сè уште имала срцев ритам, по што била пренесена во болница. Правниот тим тврди дека при извршувањето имало проблеми со… Продолжи со читање

telma.com.mk