Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп го опиша повлекувањето на американските трупи од Ирак како „победа за САД“

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп го oпиша повлекувањето на последните американски коалициски трупи од Ирак како „победа за САД“.

„Денеска е победа за САД, победа за Ирак и решителна победа над Исламската држава. Можев да изберам да останам или да си одам, и верувам, без сомнение, дека дојде време САД да се вратат дома!“, напиша Трамп на Truth Social.

Последните американски трупи ја напуштија воздухопловната база во северен Ирак според договорот меѓу Багдад и Вашингтон. Трамп го нарече процесот на повлекување, чиј рок истече денеска, „организиран“.

„Помина долго време, со многу лоши одлуки што нè доведоа во оваа каша, но наскоро тоа ќе биде дел од историјата“, наведе американскиот претседател.

Повлекувањето од Ирак беше договорено пред две години.