Локализиран е пожарот кој избувна денеска во главниот град на Србија, во приватен магацин во пристаништето Белград.
Пожарникарите по повеќе од 2 часа успеале до ја стават под контрола огнената стихија, која испраќала облаци чад над Белград , од правец на населбата Дорчол. Нема повредени во пожарот а се тврди дека не постои и опасност огнот да се прошири и ги зафати соседните објекти.
Магацинот кој горел се протега на повеќе од 700-тини квадратни метри, на 3 ката. Во објектот се чувале царинска роба од сите видови – пластика, текстил, хартија и картон.
Во гаснењето на пожарот учествувал и противпожарен-спасувачки брод од Дунав, кој ги снабдувал против пожарните возила со вода и помагал во гаснењето.
