Свет

ЕУ почнува правна постапка против Унгарија во врска со ЛГБТ-правата

Европската комисија денеска почна правна постапка против нејзината членка Унгарија, како одговор на законот кој се смета за дискриминаторски за припадниците на ЛГБТ заедницата.

Висок извор од ЕУ за светските агенции изјави дека Брисел денеска ќе испрати предупредувачко писмо до владата на премиерот Виктор Орбан и утре ќе почне „постапка за прекршување“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен минатата недела предупреди дека ЕУ ќе ги искористи „сите расположливи овластувања“ за да ја принуди Унгарија да го укине или измени законот.

Таканаречениот закон „против педофилија“ стапи во сила во четвртокот минатата недела, и покрај предупредувањето од Брисел. Законодавството е прогласено за начин за заштита на децата, но противниците велат дека тој ја поврзува педофилијата со хомосексуалноста и ја осудува ЛГБТ заедницата.

Писмото од Брисел е првиот чекор во постапката што може да доведе до тужба пред Европскиот суд на правдата, а со тоа и финансиски санкции против Унгарија. Одделно, комисијата сè уште не го одобрила финансирањето на Унгарија од 7,2 милијарди евра за обнова после пандемијата на коронавирусот, иако другите земји-членки веќе чекаат да ги добијат своите први исплати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загинаа 13 лица откако Пакистан го нападна Авганистан

Дејан Дејан

Во израелски воздушни напади во Јужен Либан убиени 17 лица

Дејан Дејан

Обвинителството побара максимални казни за родителите на Кецмановиќ

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе