Едно дете загина, а пет лица беа ранети рано изутринава во Киев и околината при руски воздушни напади, соопштија украинските власти.
Во нападите избувнале пожари што зафатиле приватни домови во близина на продавница и магацин во Киев, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко преку комуникациската апликација „Телеграм“.
Началникот на Киевската обласна воена администрација, Тимур Ткаченко, на „Телеграм“ соопшти дека во руски напад со ракети и беспилотни летала во Киевската област загинало дете, а тројца лица биле ранети. Уништени се и станбени објекти и автомобили.
❗️#Київ: 1 людина загинула, ще 4 постраждали внаслідок російського обстрілу. Пошкоджені близько 10 приватних будинків у Святошинському районі. У Подільському, Голосіївському та Солом’янському районах також виникли пожежі, які рятувальники оперативно ліквідували. https://t.co/cAy3ThXZnS
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) September 30, 2026












