Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протести против ВИ пред конференцијата во Сан Франциско – Трамп повика на саморегулација

/

Свет

Сподели преку :

Десетици активисти протестираа пред конференцијата за програмери на OpenAI во Сан Франциско, барајќи од технолошката компанија да ги прекине врските со администрацијата на Трамп.

Демонстрантите маршираа, извикуваа пароли и носеа транспаренти пред центарот „Форт Мејсон“, повикувајќи ја OpenAI да ги раскине договорите со американската војска и со Службата за имиграција и царина.

Активистите бараат поголема регулација на компаниите што се занимаваат со вештачка интелигенција.

  • „Влијанието што веќе го има вештачката интелигенција, без дури и да ја земаме предвид иднината, е доволно лошо само по себе. Таа се користи за да предизвика хаос во климата и да ги поткопа работничките стандарди. Веруваме дека може да постои технологија што им помага на работните луѓе и што гради подобра иднина за идните генерации. Но, без соодветна регулатива, не гледаме дека тоа се случува“ – Џејн Мартин, организатор од „Беј резистанс“.
  • „Можете да видите дека овде има луѓе од најразлични сфери на животот. Има луѓе што зборуваат за влијанието на вештачката интелигенција врз нив како станари, луѓе што зборуваат за нејзиното влијание врз водоснабдувањето, електричната енергија, сметките и работните места. Ние велиме дека одлуките за оваа технологија, која има толку големо значење за сите наши животи, треба да ги носат обичните работни луѓе. Треба и ние да имаме збор“ – Јуан Ванг, активист од „Беј резистанс“.

Иако многумина во Силиконската долина повикуваат владата да помогне во воспоставувањето заштитни механизми за оваа технологија, Трамп се спротивстави на идејата за поголем владин надзор врз вештачката интелигенција.

Тој денеска треба да се сретне со генералниот директор на Антропик, Дарио Амодеи и со првиот човек на Мета, Марк Зукенберг.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли идејата за нови федерални регулативи за вештачка интелигенција по состанокот во Белата куќа со врвни индустриски раководители, во услови на растечка глобална загриженост во врска со заканите поврзани со технологијата.

Наместо нови правила, Трамп и раководителите се согласија за рамка што вклучува соработка со надворешни ревизори за спроведување проценки на безбедноста на моделите и спроведување построги внатрешни контроли на нивните системи, според копија од договорот потпишан од претседателот и лидерите на Силиконската долина по ручекот во Белата куќа, фокусиран на ризиците од вештачката интелигенција.

Тој го објави договорот што го потпиша со лидерите на некои од најголемите технолошки и AI компании, којшто во голема мера се потпира на саморегулацијата на индустријата. Има четири нивоа на контрола, како силни внатрешни системи за следење на сајбер-безбедноста, биолошките и хемиските закани. Потоа, компаниите треба да имаат посебен внатрешен тим што ќе проверува дали овие контроли функционираат и дали се решаваат воочените проблеми. Третото ниво предвидува соработка со независен надворешен ревизор. А независен одбор на ниво на раководството на компанијата треба да врши надзор над внатрешните и надворешните ревизии и да го следи решавањето на идентификуваните проблеми. Сепак, договорот не претставува закон, ниту пак пропишува казни за компаниите што не се придржуваат до договорените правила.

Билјана Ставрова