Петте мажи уапсени во Британија под сомнение за терористички кривични дела во близина на базата на Кралските воздухопловни сили Ферфорд во текот на вчерашниот дом се британски државјани на возраст од 20 до 29 години кои живеат во Лондон.
Тие биле уапсени според законот за експлозиви и под сомнение дека се подготвувале да извршат терористички напад.
Една жена која се јавила во полицијата откако видела група мажи со маски и качулки, тврди дека заради нејзината интервенција, полицијата ги спречила нивните планови.
Заблагодарувајќи и се на нејзината ажурност, британскиот министер за одбрана додаде дека таа сепак има само „делумна слика“ за настанот.
„Ова е предизвикувачка ситуација, бидејќи не можам да коментирам за деталите на операциите и безбедносните мерки. Но, она што сакам да го кажам, пред сè, е да ѝ се заблагодарам на таа граѓанка. Таа постапила токму онака како што би очекувале некој да постапи во таква исклучително необична ситуација и навистина сум ѝ благодарен. Како што самата вели, таа реагирала брзо и разумно и го направила вистинското нешто. Сепак, морам да нагласам дека таа има само делумна слика за случувањата и тука би застанал утрово“, рече Вес Стритинг, британски министер за одбрана












