Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вештаците со образложение за психичката состојба на обвинетиот сериски убиец Трајко Бојковски

/

Македонија

Сподели преку :

Продолжува судењето на обвинетиот сериски убиец Трајко Бојковски. Тројца психијатри кои со недели ја скенираа неговата психичката состојба денеска треба пред судот во Куманово да го дадат своето образложение.

Како што веќе објави Телма, тие напишале дека серискиот убиец од Нагоричане е пресметлив, но неговиот адвокат доделен по службена должност побара тој наместо да оди в затвор, да му биде одредена мерка за да пестојува и се лекува во психијатриска установа.

Ова го бара поради тоа што постои опасност од повторување на делото. Докторите во заклучокот утврдиле дека се работи за личност која има психопатски карактеристики, неконтролирани сексуални и некрофилски нагони, не се кае и нема емпатија кон жртвите.

Обвинителството се противеше на барањето на одбраната бидејќи докторите јасно напишале дека серискиот убиец бил пресметлив и точно знаел што прави. На претходното рочиште две старици кои биле жртви на насилството на Трајко Бојчевски со срам и страв раскажуваа за траумата која ја преживеале.

Сторија на ТВ Телма за осомничениот сериски убиец во кумановско

Докторот кој констатирал природна смрт кај една од жртвите на осомничениот сериски убиец во кумановско, e повикан во обвинителството да даде исказ, дознава Телма. Кога 35-годишната Марија Маринковска била пронајдена мртва во нејзиниот дом, на 19 јануари годинава, докторот кој потпишал дека нема траги на насилство бил на замена на друг доктор. Сведоци на првите… Продолжи со читање

telma.com.mk

Инаку Бојковски е обвинет дека извршил четири убиства и два обиди за убиство а убивал од омраза кон жените. Мотивите му биле некрофилски, ги убивал па мртви ги силувал. Три од жртвите се повозрасни, а една помлада. Сите убиства и напади ги извршил во рок од една година, а докторите никогаш не побарале обдукција.

За двајца кумановски лекари мртвопроверители има кривична пријава, но нивниот предмет е преземен од скопското обвинителсто по барање на обвинителот од Куманово.

Билјана Николовска

Емотивно сведочење на преживеаните жени – со обвинетиот сериски убиец се соочија во судница

Тројца психијатри кои со недели ја скенираа психичката состојба на серискиот убиец од Нагоричане, ќе мора и пред судот да го бранат нивното вештачење. Напишале дека Трајко Бојковски е пресметлив, но неговиот адвокат доделен по службена должност побара тој наместо да оди в затвор, да му биде одредена мерка за да пестојува и се лекува… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2