Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Активистите против отворање на рудници: Нацрт-просторниот план е против волјата на жителите струмичката котлина

/

Економија

Сподели преку :

Полна сала и многу реакции по презентирањето на нацрт-просторниот план за државата за периодот 2021-2040 година. Првото претставување на нацрт документот почна од Југоисточниот плански регион, поточно од Струмица, каде јавноста е разбранувана од можноста да се отвораат рудници во нејзината околина.

Од Агенцијата за планирање на просторот и Министерството за животна средина најпрво го претставија планот и изразија подготвеност да ги слушнат издржаните мислења и критики за истиот.

Активистите против отворање на рудници реагираа дека нацрт-просторниот план е против волјата и интересите на жителите на струмичката котлина.

 -Го претставивте како развоен проект, нашите анализи покажуваат дека економскиот биланс од рудникот би бил негативен. Од рудникот остануваат само платите на вработените во период од 20 години. За тоа време би се уништила почвата и земјоделците тешко ќе ги пласираат своите производи кога ќе се знае каде потекнуваат и дека подземната вода е во опасност од загадување. Еколошкиот ефект, со рудникот се загрозува реката Јазга од каде вода пијат седум села, рече Горан Станишлевиќ од Здрава котлина.

За планот денеска говореше и лидерот на опозицијата, Венко Филипче. Тој смета дека документот е загрижувачки во споредба со претходниот просторен план кој важеше од 2004 до 2020 година. Во неа имало места кои не се обележани како рудници, а  во новиот предлог се така означени.

Јавна расправа за предлог просторниот план ќе се одржи и во останатите плански региони во Македонија. Насекаде се очекува голем интерес со оглед дека ова е еден од најзначајните стратешки документи за просторниот развој на државата.

Сузана Мицева

Jumbo 2