Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Катаклизма или смирување на тензиите – бизнисот во грч од можни лоши сценарија

/

Економија

Сподели преку :

Или намалување на тензиите на Блискиот исток или катаклизма. Од бизнис секторот во грч поради можноста од лоши сценарија  наметнати од глобалните случувања, но и со надеж дека за помалку од еден месец ќе спласнат. Велат, цените на пластиката и сето она што се испорачува на пазарот и кои го користат компаниите е со значително повисока цена и тоа ќе се преслика на крајниот производ поради што штета ќе трпат потрошувачите и целото општество.

И се надевам за она сценарио за кое се говореше вчера на ОН или намалување на тензиите или катаклизма, јас мислам дека онаа катаклизма нема да се случи, затоа што тоа би било огромен удар за економијата секаде во светот. Се надевам дека за помалку од 30 тина дена ќе има некакво смирување затоа што ова ќе предизвика силен импакт на цените, изјави извршниот директор на СКМ Антони Пешев

Извесен период се забележува смирување на инфлацијата, но  познавачите сметаат дека тоа е заради истрошеност на пазарот –  куповната моќ на граѓаните е намалена. Велат, иако, кај нас таа забави, во Европа и натаму инфлацијата забрзува, а таа е нашиот најголем трговски партнер од кои многу зависиме.

Пазарот е истрошен, вие можете да ги зголемувате цените колку што сакате меѓутоа капацитетот на македонскиот пазар е таков каков што е. Се намалува куповната моќ на пазарот и тоа малку влијае на инфлацијата, меѓутоа тоа што загрижува е дека во овој момент имате ситуација во која нафтата во Европа е над 2 евра за литар, секаде во Европа цените растат инфлација имате во Европа, а тој е нашиот најголем партнер и имаме многу увоз во државата, додаде Пешев

Претходно и претставници на големи компании во земјава соопштија дека на некој материјали потребни за да испорачаат готов производ,  цената е качена за дури 30 отсто и дека се потешко доаѓаат до нив. Економистите пак тврдат –  иако ценовниот удар е присутен веќе извесен период, опасност од рецесија барем за сега не се забележува, но предлагаат ако дојде до продлабочување на проблемите на домашен терен државата треба да размислува за воведување на ваучери за одредени производи по примерот на некој други земји.

По, благиот пад на цената на нафтата, денеска нов скок. Повторно надмина 100 долари за барел.

Ирена Чачкова