Народната банка во следниот период можно е да ја качи референтната каматна стапка од која најмногу зависи какви ќе бидат каматите и на депозитите и на кредитите. Ова се очекувањата од познавачите.
Пред извесно време нагорна корекција направи и ФЕД и Европската централна банка но НМБР остана воздражана и не го стори тоа. Сепак со оглед на случувањата во светот и берзанските цени, домашните познавачи не ја исклучуваат можноста и централната банка во земјата следниот период истото да го направи.
„Најчесто нашата банка го следи начинот и што Европската централна банка прави така што најверојатно мислам дека ќе има влијание покачувањето на каматната стапка од Европската централна банка“, рече Васко Богдановски – главен извршен директор на Опфолио инвестиции АД.
Но она што е интересно за домашните познавачи е што и покрај високите цени на пазарите и неизвеснота инвеститoрите во светот не се повлечени, присутни се на пазарите и инвестираат.
„ Има голем број на фактори кои секојднево влијаат на пазарите но инвеститорите како да не го гледаат тоа. Тоа не знaчи дека треба панично да се дејствува и да се продава треба да се има диверзификација и да се биде селективен при изборот на компаниите“, рече тој
Посочуваат и дека берзите речиси никогаш не биле по хаотични и никогаш немало поголема неизвеснот. Поради тензиите на Блискиот исто но и технолошката војна меѓу Сад и Кина цените на берзите веќе пдоолг период дивеат.
Но најголемите сокови се евидентни кај оние на нафтата иако на бренд нафтата во моментов има благ пад и цената се движи некаде под 100 долари за барел, неизвесноста за тоа што ќе се случува е голема.
Ирена Чачкова












