Најмалку 30 луѓе ги загубија животите во насилството кое избувна во делови од Јужна Африка, откако поранешниот претседател Џејкоб Зума минатата недела се предаде на полицијата.
Речиси 800-тини луѓе беа уапсени во безредијата кои започнаа како протести и израз на незадолвство по затворањето на Зума.
Но, во текот на викендот протестите ескалираа во насилство, при што беа подметнати пожари, блокирани патишта а ограбени беа и повеќе продавници.
За смирување на ситуацијата и како помош на полицијата беа распоредени и припадници на војската.
Сепак властите засега проценуваат дека нема потреба за воведување вонредна состојба заради насилството, кое е сепак локализирано.
Според полицијата , голема е веројатноста дека протестите заради Зума одредени криминални групи ги искористиле како изговор за грабежи и други криминални дела додека други пак сметаат дека невработеноста и сиромаштијата го разгоруваат хаосот.
