Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Големите американски медиуми го бојкотираат известувањето за Трамп во знак на протест против забраната за медиуми

/

Свет

Сподели преку :

Главните американски телевизиски мрежи го суспендираа заедничкото известување за активностите на американскиот претседател Доналд Трамп, откако Белата куќа им забрани пристап на CNN, MS NOW и Politico.

Трамп во петокот ги обвини трите медиуми за „лажни вести“ и најави дека забраната може да биде проширена. На нивните новинари им беше оневозможен влез во Белата куќа.

Како одговор на забраната, останатите телевизии меѓу кои ABC, CBS, NBC и Fox News, одлучија да не испраќаат замена за CNN и да го прекинат заедничкото покривање на активностите на претседателот.

Здружението на медиумски организации за да заштеди трошоци ги  споделува материјалите од претседателските настани кои по принципот на ротирање ги снима по една ТВ екипа.

Откако Белата куќа го спречи Си-Ен-Ен да ги исполни своите должности и да го „покрива“ патувањето на Трамп во Њујорк, другите телевизи одбија да испратат замена.

Поради тоа, во понеделникот немаше вообичаени телевизиски снимки од патувањето на Трамп во Њујорк за Генералното собрание на ОН, ниту од неговите активности во Белата куќа.

И други медиуми, меѓу кои „New York Times“ и „Washington Post“, исто така најавија дека нема да споделуваат материјали од неговите настани.

CNN, MS NOW и Politico во меѓувреме поднесоа тужба против администрацијата на Трамп во федералниот суд во Вашингтон – бидејќи одземањето на акредитациите поради нивното известување ја загрозува слободата на печатот.

Белата куќа, пак, тврди дека Првиот амандман го штити правото на медиумите да објавуваат информации, но не им гарантира пристап до Белата куќа. Трамп ги отфрли обвинувањата дека станува збор за напад врз слободата на медиумите, велејќи дека неговата мерка е насочена против, како што ги нарече, „лажните вести“.

Во меѓувреме, Белата куќа го лансираше и сопствениот стриминг-канал „Trump TV“, кој 24 часа дневно емитува снимки од активностите на претседателот.