Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна на 32 проценти, што е најниско ниво досега, покажува најновата анкета на „Ројтерс/Ипсос.
Во однос на претходната анкета, неговиот рејтинг е намален од 35 на 32 проценти, а поддршката меѓу републиканците паднала од 82 на 73 проценти.
Анкетата покажува и промена во расположението пред среднорочните избори во САД на 3 ноември.
Меѓу регистрираните гласачи, 43 проценти велат дека би гласале за демократски кандидат, наспроти 35 проценти за републикански, што претставува најголема предност за демократите во овогодишните анкети.
Во однос на политиките на Трамп, 34 проценти го одобруваат нападот врз Иран, додека 82 проценти сметаат дека конфликтот веројатно ќе трае подолго.
За неговиот пристап кон имиграцијата позитивно се изјасниле 36 проценти од сите испитаници, а 35 проценти го одобруваат неговиот пристап кон борбата против криминалот. Анкетата е спроведена онлајн меѓу 1.277 возрасни лица во САД.












